Турски дипломати побарале азил во Швајцарија
Турски граѓани со дипломатски пасоши побарале азил во Швајцарија, објави швјацарскиот весник „Тагес Анцајгер“.
Според весникот меѓу нив е поранешниот заменик-генерален конзул на Берн, Волкан Караѓоз, кој побарал азил за себе и за неговото семејство.
Федералната Влада потврди дека добиле такви барања од граѓани на Република Турција со дипломатски пасоши, но не изнесе повеќе детали.
„Тагес Анцајгер“ без да посочи имиња нагласи дека некои швајцарски политичари се загрижени дека доколку Караѓоз добие азил, тоа може да испровоцира, како политичка, така и економска криза.
Според нив може да следуваат и голем број други такви барања од страна на следбеници на исламистичкиот проповедник Абдулах Ѓулен.
Караѓоз беше разрешен во февруари со образложение дека е поврзан со терористичката организација на Ѓулен.
Ново на Сител
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата