-->
-->
Турција возврати поради нападот врз своите војници во Сирија
-->
Турските сили во Сирија гаѓаа 115, а уништија 101 објект, како одговор на нападот на сириските безбедносни сили, во кој загинаа пет турски војници, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Министерството наведе дека ќе продолжи да одговара на напади врз своите трупи, кои имаат набљудувачка мисија во северозападниот дел на Сирија.
– Уништени се три тенкови, два минофрлача, а погоден е и еден хеликоптер, се додава во соопштението.
Претходно денеска турското Министерство соопшти дека пет турски војници се убиени, а други пет се повредени во ракетен напад врз провинцијата Идлиб извршен од сириските владини сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак