Турција ќе одговори на сите закани кои произлегуваат од курдскиот референдум
Турскиот премиер Бинали Јилидрим изјави дека неговата Влада е подготвена да даде решителен одговор доколку се појават закани по национална безбедност на земјата како резултат на референдумот за независност во ирачки Курдистан.
- Нашите чекори ќе бидат усогласени со Багдад. Ќе контактираме само со централните ирачки власти по сите економски прашања. Доколку се појави опасност по нашите граници или по нашите војници во странство, ние ќе одговориме најрешително, изјави Јилдирим. Турскиот премиер додаде дека и Иран, заедно со Турција и Ирак, прави се што може за да се минимизираат последиците од кризата предизвикана од референдумот на ирачките Курди, кои во понеделникот масовно се изјаснија за независна држава.
Турција и самата се соочува со повеќедецениски конфликт со курдската заедница и поради тоа референдумот во ирачки Курдистан предизвика голема загриженост. Јилдирим веќе најави дека економските односи, пред се извозот на нафта од големите курдистански полиња, ќе се одвива единствено преку ирачката Влада во Багдад, а не преку курдистанските власти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови