Македонија
4. January 2025 - 16:50

Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем

Над илјада лица со оштетен вид немаат пристап до Брајовото писмо во образовниот процес во Македонија- на меѓународниот ден на брајовото писмо, тоа останува невидливо во образованието. 

Според Коалицијата Менуваме, книги со брајова азбука не се решение бидејќи се огромни и тешки за учениците, туку брајов ред преку кои учениците со со оштетен вид ќе може да ја изучуваат брајовата азбука. 

Проблемот е и кај Институтот за специјална едукација и рехабилитација кој има плеада од дефектолози кои според Коалицијата Менуваме не се стручни да бидат вклучени во образовниот процес кај децата со оштетен вид. 

Брајовото писмо кое е загарантирано со сите меѓународи документи е достапно само во  училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје, но и таму не секој има пристап до него.