Свет
1. November 2016 - 12:06

Турција и Русија ја разгледуваат меѓусебната воена соработка

Началникот на Генералштабот на турската армија, генерал Хулуси Акар пристигна во посета на Москва, каде со својот руски колега ќе разговараат за прашања на воена соработка меѓу двете земји и случувањата во регионот.

Русија и Турција, која е членка на НАТО, поддржуваат различни страни во сирискиот конфликт, кои се меѓусебно спротивставени.

Во последните месеци двете држави ги нормализираа односите, кои беа драстично влошени откако турски сили урнаа руски бомбардер над Сирија.