Турција: Бомбаш-самоубиец од ИД се саморазнесе за време на полициската операција
Петмина турски полицајци се повредени откако доцна синоќа кон нив напаѓач од Исламска држава отвори оган, по што го активираше експлозивот кој го имаше на себе.
Инцидентот се случи за време на операција на полицијата која пребарувала место, за кое постоело сомнение дека е засолниште на припадници на ИД. во градот Газиентеп, во близина на сириската граница.
При напад на полициска единица за борба против тероризмот во стан во станбен блок во градот Газиентеп, терористот го активирал појасот со експлозив.
Локалните власти соопштија дека терористот загинал на петтиот кат во блокот во Газиантеп. Две жени се приведени, а три деца биле предадени на социјалните служби. Полицијата заплени експлозиви и неколку парчиња автоматско оружје за време на претресот.
Претресот беше извршен неколку часови откако турски војници влегоа во судир со борци од „Исламска држава", кои пукаа во нив во близина на Газиантеп. Четворица терористи беа убиени во престрелката на границата. Не е јасно дали двата инциденти се поврзани.
Во меѓувреме, претходно денеска, во Анкара уапсени се најмалку седум осомничени терористи, соопшти агенцијата Анадолија.
Ново на Сител
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп
-
Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони