Турција бара уверување дека „погрешни групи“ нема да учествуваат во операцијата за Рака
Турција бара уверување дека „погрешни групи“ нема да учествуваат во операцијата за потиснување на Исламска држава од сирискиот град Рака, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, цитиран од британските медиуми.
На денешната прес-конференција Чавушоглу посочи дека САД им соопштиле дека такви групи ќе учествуваат единствено во опсадата на Рака и дека нема да влегуваат во градот - фактичката престолнина на ИД во Сирија.
Турција има резерви против учеството на сириските курдски милиции Сили за заштита на народот (СЗН) во операцијата за ослободување на Рака од ИД.
СЗН, на кои САД сметаат на теренот во Сирија, според Анкара се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), која делува во Турција, а од ЕУ и САД е прогласена за терористичка организација.
Чавушоглу уште додаде дека Турција „презема мерки“, откако нејзините партнери не ги исполнија своите ветувања во однос на сирискиот град Манбиџ, од каде Турција одамна инсистира на повлекувањето на СЗН.
Ново на Сител
-
Поднесена кривична за директорот и неколку службени лица на РЕК Битола
-
Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски
-
СДСМ оди на избори на 16 март
-
За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег
-
Мисајловски учествува на средба на министрите за одбрана на НАТО во Брисел
-
На ГП Богородица запленети 188 килограми марихуанa, приведени две лица
-
76 лица санкционирани во текот на вчерашниот ден затоа што возеле без возачка дозвола
-
Муцунски се сретна со австралискиот пратеник и министер за надворешни работи во сенка, Дејвид Колман