Турчин ќе испрати бурек во Кремљ како благодарност за С-400
Хасан Аџар, слаткар од турскиот град Бурса, чиј бурек влезе во Гинисовата книга на рекорди, планира да испече традиционален турски бурек за рускиот претседател Владимир Путин, како благодарност за почетокот на испораката на рускиот противвоздушен ракетен систем С-400 во Турција.
– Почетокот на испораката на противвоздушниот систем С-400 во Турција, за кој се зборуваше толку многу во нашата земја, беше добредојдена вест за нас. Сфаќајќи колку е тоа важно за националната безбедност на нашата земја, како и за односите меѓу Турција и Русија, сакам да дадам свој придонес за развој на односите меѓу нашите држави. Поради тоа ќе ги вложам сите свои напори, ќе испечам и ќе испратам во Кремљ, лично на Владимир Путин, наша традиционална пита – бурек, изјави Аџар.
Тој истакна дека питата ќе биде со сирење и спанаќ, а вкупната тежина на пакетот ќе биде четири килограми. Според него, пратката би требало да стигне во Москва во рок од пет дена, а „бурекот може да се јаде уште 10 дена од денот на печењето“.
– Во текот на својата последна посета, господинот Путин изрази желба да посети турски ресторан. Сакам да го поканам во нашиот преубав древен град Бурса и во мојот ресторан, каде ќе му направат најубав бурек, истакна слаткарот.
Аџер во 2012 година влезе во Гинисовата книга на рекорди подготвувајќи најголем бурек, со должина од 2.023 метри.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје