Трпковски: Три нови проекти во вредност од над 7 милиони денари се реализираат во овој момент во општина Сопиште
Денеска сме во посета на неколку проекти кои што се реализираат во текот на месец септември во општина Сопиште. Едниот е обновување фасада, реконструкција на фасада на подрачно училиште во населено место Чифлик.
Вториот проект кој денеска го посетуваме е токму ова место каде што реализираме нов паркинг простор пред детската градинка во Сопиште и третиот проект кој што ќе го посетиме е реконструкција и уредување на спортски центар каде што се наоѓаат повеќенаменски игралишта, тениско игралиште.
Во третиот проект ќе имаме нова содржина од детски забавен парк, летниовци и друга урбана опрема. Сите овие проекти кои што ги набројувам се реализирани од буџетот на општина Сопиште и вкупниот буџет за реализација е некаде повеќе од 7 милиони денари.
Стевче Трпковски, градоначалник на општина Сопиште
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.