Трпел ужасни болки, а незнаел дека живее со монструм: Студент на хемија со месеци го труел цимерот со смртоносни хемикалии
Студент на хемија од Кина е обвинет дека се обидел да го отруе својот цимер од Африка, во заедничката соба во Пенсилванија, во текот на период од неколку месеци.
Јукај Јанг е уапсен поради обид за убиство на Џуан Ројал, кој ниту еден момент не се посомневал во својот цимер. Од обвинителството наведуваат дека Јанг му ја труел со талиум храната и пијалокот на Џуан Ројал, кој се уште страда од последиците.
Јанг призна дека купил хемикалии, но тврди дека биле за негова „лична употреба“. Исто така е обвинет и за испишување расистички графити во својата соба во домот.
Труењето траело неколку месеци почнувајќи од пролетта кога Ројал неколку пати побарал лекарска помош поради мачнини, вртоглавици, паѓање во несвест и повраќање. По анализите, утврдено е дека имал талиум во крвта, за кој се утврдило дека цимерот му го истурал во млекото и во течноста за испирање на устата.
Јанг наведе дека купил талиум и други хемикалии преку интернет во намера да се убие ако не помине добро на престојните испити.
„Ројал имал екстремни болки во пределот на долните екстремитети и силни изгореници и укоченост поради кои завршил на интензивна нега“, рече обвинителот. Како што наведе тој, посебна тежина на злосторството му дава тоа што труењето било континуирано во текто на подолг период, а жртвата и ден денеска страда од последиците.
Трујачот и жртвата се повеќегодишни цимери, а Ројал верувал дека се пријатели се додека не стигнале резултатите од истрагата.
Талиумот е елемент без мирис и вкус кој може да биде смртоносен. Исто така во минатото се користел за труење на глувци.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?