Македонија
17. August 2018 - 11:08

Тројно повисоки нивоата на Треска и Црна

Речиси трипати повисоки од просекот за август се нивоата на реките Треска кај Македонски Брод и Црна кај Новаци, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, двојно покачување бележат Вардар кај Јегуновце, Зајчев Рид и Велес, како и Пчиња кај Катлановска Бања, додека пониски вредности од просекот имаат Брегалница кај Штип и Крива Река кај Крива Паланка.