Тројца загинати и стотина повредени во вчерашното торнадо во Тексас
Бројот на жртвите од торнадото што вчера го погоди градот Перитон во американската сојузна држава Тексас се искачи на три лица, а бројот на повредени е меѓу 75 и 100, јави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на локалните власти.
Според ТВ каналот, има уништени и оштетени куќи. Телевизијата Еј-Би-Си објави дека во Перитон нема струја. Вкупно 50.000 домови се без струја во Тексас и Оклахома.
Националната метеоролошка служба во Амарило потврди дека торнадото ја погодило оваа област вчера попладне.
Шефот на пожарникарите на Перитон, Пол Дачер, за Еј-Би-Си изјави дека торнадото директно удрило на паркинг полн со возила.
Локални медиуми јавија дека најмалку 100 луѓе побарале помош во болницата.
Торнадото вчера навечер се префрли југоисточно низ државата Оклахома. Можно ново предупредување за торнадо е издадено во областа Оклахома Сити.
Ново на Сител
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО
-
Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд
-
Нa Табановце и Богородица за излез од земјава се чека 30 минути
-
Во Скопје утре ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци
-
Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство
-
Голем пожар беснее во Измир