-->
-->
Тројца починати во болницата во Велес во изминатите 24 часа
-->
Продолжува црниот биланс на починати во Општата болница во Велес. Вчера попладне починале двајца мажи, еден на 89 години од Велес и еден од Свети Николе на 68 години. Утрово во болницата почина маж од Велес на 51-годишна возраст, кој е 45-та жртва на КОВИД-19 во Велес и Велешко од почетокот на епидемијата во земјава.
Како што информираше портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, во велешката Општа болница хоспитализирани се 79 пациенти, од кои 67 потврдени, седум сомнителни и пет негативни на вирусот.
На кислородна поддршка се 34 пациенти, што е најмногу досега. Инфективното и Интерното одделение – Б крак се целосно пополнети, а на Одделението за физикална медицина каде има 25 легла, хоспитализирани се 10 пациенти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала
-
Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата
-
Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово
-
Град Скопје: Нов зелен појас на кејот на Вардар