Тројца од пребеганите турски офицери остануваат во Грција
Суд во Грција денеска донесе одлука да го одбие барањето за екстрадиција на тројца од осумтемина турски воени офицери, кои со хеликоптер побегнаа од Турција на грчка територија во текот на ноќта на неуспешниот обид за преврат во земјата во јули годинава.
- Многу сум задоволна од одлуката на Судот, тие да не бидат екстрадирани. Судот беше објективен, изјави адвокатката на турските офицери Ставрула Томара.
Осумтемина турски офицери - тројца мајори, тројца поручници и двајца наредници, со хеликотер на Военото воздухопловтсво на Турција пристигнаа во грчкиот град Александруполис, само неколку часа по пропаѓањето на обидот за воен преврат на 15 јули.
Тие беа веднаш уапсени, по што побараа азил во Грција, тврдејќи дека стравуваат за своите животи доколку се вратат во Турција. Тие исто така тврдат дека не учествувале во обидот за преврат.
Турција од своја страна ги обвинува дека се дел од заговорниците во воениот преврат и бара нивна екстрадија.
По барањата за екстрадиција на останатите петмина турски офицери, Судот ќе решава следниве денови.
Ново на Сител
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група
-
Прегазено 3-годишно дете во Нови Пазар
-
Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот