-->
-->
Тројца нови позитивни на коронавирус во тетовско
-->
Центарот за јавно здравје изминатото деноноќие на подрачјето тетовскиот регион бележи три нови лица кои се позитивни на Ковид-19. Со новите тројца, вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 во шесте општини во Тетовско достигна вкупно 1.200 лица, покажуваат бројките за евиденција во Институтот за јавно здравје.
-По еден случај на новозаболени има во општините Тетово, Брвеница и Боговиње, информираше д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, за периодот за неносење заштитни маски на 40 луѓе изготвени им се прекршочни платни налози поради што ќе треба да платат 20 евра во денарска противвредност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника