Тројца малолетници и двајца странци меѓу 11-те кои го прекршиле полицискиот час во Тетовско
Во текот на изминатите 24 часа од 7 часот на 19 април до истиот термин утринава, 11 лица го прекршиле полицискиот час на тетовското подрачје, информираат од СВР Тетово. Од 11-те лица тројца се малолетници, а двајца државјани на Република Албанија.
-Двајцата странски државјани на 25 и 26 години се откриени на улица „Иво Рибар Лола“ во недела околу 13 часот. Освен по член 206 од Кривичниот законик двајцата ќе добијат пријава и за непријавен престој на подрачјето. Сите 11 лица ќе добијат пријава за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На подрачјето нема нови лица кои треба да бидат до домашна изолација со решение на Државен здравствен и санитарен инспекторат. За самоизолација изјави потпишале три лица.
Ново на Сител
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час
-
Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи
-
Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија
-
Путин нареди регрутирање на 133.000 војници
-
Борел: На Блискиот Исток треба да замолчи оружјето, а да зборува дипломатијата