Тркалезна маса за Св. Климент Охридски
Во рамки на Деновите на руската духовна култура во Македонија, денеска на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи тркалезна маса на тема „Св. Климент Охридски и неговото духовно наследство".
Ќе учествуваат научници од Руската Федерација и Република Македонија меѓу кои Алексеј Пентковскиј, раководител на Балканскиот кабинет на Московската духовна академија, Димитар Пандев, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Марина Крутова, раководител на секторот за книги во ракопис на Руската државна библиотека, Ефтим Клетников, член на Здружението на писатели на Македонија, Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија,...
Деновите на руската духовна култура почнаа на 26 мај со изложбата на детски цртежи „Душа на Русија“ и настап на хорот при Јарославската државна филхармонија, а се организираат во рамки на програмата на Руската амбасада по повод Денот на Свети Кирил и Методиј. Манифестацијата ќе заврши утре, со концерт на ансамблот „Рус“.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“