Трисет цивили убиени во напад на антиџихадистичката коалиција во Сирија
Трисет цивили се убиени вчера при напад на антиџихадистичката коалиција, предводена од САД, врз сирискиот град Абу Камал, во близина со ирачката граница, кој е под контрола на групата Исламска држава.
- Тие погодија населено место во подрачјето околу три часот изутрината, додека луѓето се уште спиеле, поради што голем број лица загинаа, изјави директорот на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, Рами Абдел Раман.
Тој додаде дека припаданиците на ИД користеле некои од становите на подрачјето, кое е погодено како локален Генералштаб.
Од Центарот соопштуваат дека во нападот е погодено и возило, кое превезувало работници на работа.
Војската на САД соопшти дека во нападите на коалицијата во Сирија и во Ирак од почетокот на операцијата во 2014 година ненамерно се убиени 352 цивили. Групите за заштита на човековите права меѓутоа велат дека бројките се многу поголеми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани