Триесет и пет луѓе ги загубија животите во Мексико од мистериозна епидемија на менингитис
Мексиканските владини претставници во северниот дел на земјата објавија дека уште едно лице починало од мистериозна епидемија на менингитис, со што бројот на жртви од болеста се искачи на 35. До денеска, здравствените власти во претежно руралниот дел на државата Дуранго регистрирале 79 случаи во изминатите неколку месеци.
Првиот случај на менингитис во Дуранго беше потврден на крајот на минатата година, кога лекарите потврдија дека има неколку пациенти заболени од асептичен менингитис, исклучително опасно воспаление на мозокот.
Заразените пациенти во Дуранго биле подложени на операции во приватни болници во главниот град на таа мексиканската држава, што уште се нарекува Дуранго, покажаа податоците на Светската здравствена организација. Оваа година, здравствените власти во Дуранго речиси секој ден забележуваат нови случаи - хоспитализирања и смртни случаи.
Државната влада Дуранго го опиша избувнувањето на менингитис како „ситуација без преседан во светот“, нагласувајќи дека сите здравствени службеници на мексиканската федерална влада работат на решавање на проблемот и откривање на најдобриот третман за пациентите.
Претставниците на СЗО во декември објавија дека ја следат и помагаат да се утврди причината за менингитисот, заедно со мексиканската влада.
Не е познато дали инфекциите започнале во Дуранго и колку пациенти се опоравиле од болеста.
Ново на Сител
-
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба
-
Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
-
Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители
-
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена кај струшкото село Калишта
-
Брнабиќ: Студентите во блокада планираат ултимативен удар на Србија за Видовден
-
За викендот стабилно и посвежо, а потоа затоплување и температури до 38 степени
-
Кривична против три физички и две правни лица за даночни измами, го оштетиле државниот буџет за 9.512.881 денари
-
Кавадарчанец при реновирање во ѕидот од домот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил