Трибина за правата на малцинствата во Албанија
Во јужниот албански град Ѓирокастро, во организација на албанскиот народен правобранител и ОБСЕ, се одржа трибина за положбата и правата на малцинствата во Албанија, јави дописникот на МИА.
На трибината освен алабанскиот народен праворанител Игли Тотозани и заменик-амбасадорот на ОБСЕ, Роберт Вилтон, учествуваа и преставници од министерствата за надворешни работи, образование и социјална заштита на Албанија, на Државниот комитет на малцинства, како и преставници на македонското, грчкото, влашкото, бошњачкото, српско-црногорското, ромското и еѓипќанското малцинство.
За положбата на македонското малцинство во Албанија обраќање имаше Васил Стерјовски, кој пред присутните кажа дека Тирана македонското малцинство официално го признава само во областа на Мала Преспа, но не и во Голо Брдо и Гора, како и другите населени места во земјата.
Тој се задржа и на недостигот на учебници по македонски јазик во училиштата во Мала Преспа кои Министерството за образование на Албанија треба да ги испечати, како и неможноста за изучување на македонскиот јазик во образовниот процес во Голо Брдо и другите населени места каде што има интерес од самите Македонци.
- Исто така потенцирав дека е потребно да се донесе Закон за малцинствата со кој ќе се регулира признавањето на македонското и другите малцинства на целата територија на Албанија, враќање на рубриката националност во регистрите од матичната евиденција, која Уставниот Суд ја укина во 2011 година, загарантирани места во албанскиот Парламент за македонското и другите малцинства, програми на јазиците на малцинствата на државната албанска телевизија, финансиска подршка на културата на малцинствата, застапеност на малцинсвата во институциите на локално и централно ниво, потпишување билатерални договори меѓу Албанија и земјите од регионот за взаемно почитување на малцинства, реорганизација на Државниот комитет на малцинствата и слично, изјави Стерјовски.
На трибината малцинствата добија силна подршка од страна на Тотозани, кој го повтори барањето дека Владата треба да донесе Закон за малцинствата и го нагласи проблемот со непостоење точни бројки на припадниците на малцинтвата, поради бојкотот на двата последователни пописи на населението од страна на припадниците ба малцинските заедници.
Ново на Сител
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија