Три жртви во полави во Грција
Најмалку три лица загинаа и едно се води како исчезнато во полавите што го зафатија југоисточниот дел на Пелопонез, соопштија денеска грчките власти.
Една 62 годишна жена која имала проблеми со одењето е пронајдена мртва во нејзината куќа во селото Пидима, во близина на Каламата, додека 80-годишен маж загинал во селото Туриа. Нема детали за третата жртва. Во поплавите се удавиле и десетици животни.
Властите соопштија дека неколку села се уште се изолирани и недостапни поради поплавени патишта.
Локалнте власти побараа од Владата да прогласи вонредна состојба во областа. Градоначалникот на Каламата информира дека нивото на водата во некои делови достигнало два метри.
Невремето кое вчера попладне ја зафати Грција предизвика големи проблеми во целата земја. Обилните дождови во центарот и источните делови од Волос поплавија улици и прекинаа телефонски линии неколку часа. Снабдувањето со електрична енергија, исто така, беше во прекин во Анаврос, Неа Димитриада, Астериа, Агриа, Лехониа и во села јужно од Пилио.
Во градот Пиргос, противпожарната бригада примила околу 150 повици за поплавени подруми и простории, како и за паднати дрва на патишта. И противпожарната скужба во Солун примила десетици повици за поплавени куќи и објекти во повеќе делови од градот.
Врнежите исто така предизвикале многу сообраќајни несреќи.
Ново на Сител
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
-
Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски
-
Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска
-
Иран им се заканува на САД и Израел со силна одмазда во случај на напад, навестува можност за договор
-
Четворица убиени во пукотница во Њујорк, напаѓачот исто така е мртов