-->
-->
Три средби „наместени“?! Истрага на ФФМ и МВР!
-->
Инспектори од Министерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со одделот за интегритет и безбедност во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвори истрага за евентуално наместени три натпревари одиграни во пролетниот дел од Македонската фудбалска лига.
До одделот за интегритет во ФФМ преку телефонската линија за пријавување неправилности на фудбалските натпревари 0800-15-800 прифатена е дојава за недозволено влијание и нерегуларности на три натпревари од МФЛ.
-Одделот за интегритет во рамки на ФФМ одлучи случајот да го предаде на полицијата од која ќе бара истрага. Органите и телата при ФФМ ќе спроведат истрага, веќе формираа предмети во насока на утврдување на вистината и регуларноста на исходот на натпреварите кои сега се предмет и на МВР, изјави Роберт Марковиќ, раководител на одделот за интегритет и безбедност во ФФМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш