Џет-Сет
30. September 2015 - 17:11

Три сценарија на „Граѓанинот Кејн“ продадени за 102.000 долари

Личните сценарија на Орсон Велс за „Граѓанинот Кејн“, вклучувајќи го и финалното според кое е снимен филмот, беа продадени за 102.000 долари.

Трите сценарија беа продадени синоќа на наддавање во аукциската куќа „Шрофилс ин Хистори“.

Првото нацрт-сценарио за „Американецот“, како што бил работниот наслов на „Граѓанинот Кејн“, напишано во 1940 година, е продадено за 32.000 долари.

Втората верзија на сценариото е продадена за 25.600 доалри, додека конечна верзија со впишаните забелешки на Велс и режисерските дијаграми достигна цена од 44.800 доалри. Таа верзија е потпишана од сите членови на актерската екипа.

Сценаријата ги продаде близок пријател на Орсон Велс, кој ги добил од режисерот пред неговата смрт во 1985 година.

На аукцијата се најде и транскриптот на Орсон Велс од радио адаптација на романот „Војна на световите“ на Х.Г. Велс како и извинувањето на радиото КБС поради масовната хистерија што ја предизвика реалистичната драматизација на приказната за инвазијата на Марсовци на Земјата.