Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45, како и Овозможување употреба на наркотични дроги согласно член 216 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Во текот на 2024 и 2025 година осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал наркотична дрога – марихуана на наркозависници. Во текот на претходната постапка обезбедени се докази и дека за целиот тој период осомничениот во повеќе наврати им овозможувал да употребуваат марихуана и на малолетници на возраст од 14 години. При претрес во неговиот дом на 12 мај биле пронајдени околу 8 грама марихуана кои ги држел за неовластена продажба.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-
Трамп бара ослободување од обвинение за Нетанјаху
-
Во понеделник најавено прскање против комарци во Охрид и околината
-
Орбан и одговори на Фон дер Лајен: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки
-
Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции
-
19-годишно момче од Македонија се удави во Ханиоти
-
И нанел набиеници со крвни подливи и се заканувал дека ќе ја убие, обвинение за таткото што ја тепаше 4-годишната ќерка
-
Бела куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот
-
ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време