Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
Три рибарски мрежи со должина од по сто метри, улов од 56 парчиња риба Охридска белвица и друг риболовен алат пронашла полицијата во водите на Охридското Езеро во близина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, вчера во водите на Охридското Езеро, реализирале мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура.
Притоа, како што е наведено, на околу два километри од брегот на струшкото крајбрежје помеѓу Струга и селото Калишта биле пронајдени и одземени рибарските мрежи и уловот.
- При преземените контроли, полициските службеници, во водите на езерото, затекнале две лица, од Струга и Радожда, кои, управувале пловен објект без пловидбена дозвола поради што, ќе им бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението на СВР Охрид.
Ново на Сител
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски