Три пожари во Македонија, изгореле 13 јагниња
Вчера околу 15:00 часот било пријавено дека во Неготино, на потегот од ЖС-Криволак кон ЖС-Градско, во непосредна близина на полигонот на АРМ, настанал пожар, при што биле опожарени лозја, а на неколку места биле зафатени и делови од прагови на железничката пруга Скопје- Гевгелија. Пожарот во 16:10 часот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица.
Околу 13:30 било пријавено вчера дека покрај регионалниот пат Делчево-Берово настанал пожар во кој биле опожарени околу 20 хектари борова шума и сува трева. Пожарот во 17:45 часот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица.
Вчера околу 14:00 часот било пријавено дека во с.Стањевци-Свети Николе, во трло сопственост на Б.Д. поради неисправна електрична инсталација избувнал пожар во кој изгореле 13 јагниња, кровната конструкција и дел од трлото. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица-Свети Николе.
Ново на Сител
-
Без почитување на минатото нема иднина
-
ДУИ негира дека нивните министри ја поддржале владината стратегија за укинување на балансерот
-
Штаунас: Преземените обврски да се реализираат
-
Поголема контрола на езерото
-
Преглед на вестите
-
11 Oктомври - Денот на народното востание
-
Димитриевски: Ја поздравувам одлуката на Уставен за балансерот
-
Филипче: Нема откажување од зацртаните цели