Поголема контрола на езерото
Охридското Езеро не смее примарно да се користи за производство на електрична енергија.
Состојбата со ниското ниво на водата во Охридското Езеро засега не е алармантна, но повторно укажува на проблемот околу стопанисувањето со водата од басенот и нејзиното искористување за производство на електрична енергија.Експертите од областа на енергетиката посочуваат дека водата од езерото може да се користи за производство на електрична енергија, но никако тоа да биде единствена уште помалку примарна цел.
Професорот Димитров вели дека водата од езерото се користи делумно со протечни централи но неопходна е изградба на акулмулациски хидроцентрали.
Екологистите пак години наназад алармираа дека Охридското езеро безмислосно се празни за производство на електрична енергија,без да се води сметка дека се уништува животот во Езерото.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар