Три грешки кои ги правите при грижа и обликување на веѓите
Кога ги обликуваме веѓите, можеме да направиме многу грешки. Исто така можеме да згрешиме и при користењето на козметиката и шминката за да ја истакнеме убавината на нашите веѓи. Кои се најчестите грешки во обликувањето и одржувањето на веѓите и како да ги избегнете?
1. Користите погрешен молив за веѓи
Многу жени се збунети кога избираат молив за веѓи во иста боја како и нивната коса. Ако имате кафеава коса, не мора да користите темно кафеав молив, дури напротив. Експертите се категорични дека употребата на 1-2 посветли нијанси молив за веѓи дава повеќе природност .
2. Користите огледало за зголемување
Зголеменото огледало може да ви изгледа како одличен начин за да ги намалите и обликувате веѓите, но според козметичарите тоа е грешка. Огледалото за зголемување спречува да го прецените севкупниот изглед на веѓите. Секогаш користете нормално огледало и дневна светлина.
3. Често кубење
Повеќето жени се опседнати со кубење на веѓите во текот на денот. Се појавува влакненце и веднаш го „ловат“. Ова не е во ред. Обликување на веѓата треба да се прави на околу 2 недели. Ова не го нарушува обликот на веѓите. Инаку, ризикувате да ја смените линијата на една веѓа, а другата останува поинаква.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори