Три ѕвезди од Европската атлетска федерација за организацијата и квалитетот на трката „Охрид трчаТ“
Спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“ доби сертификат со три ѕвездички од Европската атлетска федерација, за квалитет на трка и организација на настан.
Рангирањето со три ѕвезди претставува успех за организаторот и атлетскиот настан, уште повеќе што тоа е стекнато веќе со второто издание на овој сега најмасовен спортско-рекреативен настан во Охрид.
Директорот на трката, Иван Цветкоски изјави дека препознавањето на трката од Европската атлетика како настан и организација дополнително ги мотивира да ја градат спортската манифестација „Охрид трчаТ“ заедно со сите партнери, пријатели, волонтери, соработници и поддржувачи на уште повисоко ниво со цел веќе од 2020 година да ги добијат максималните пет sвезди за квалитет на настан.
-За нас како организатори на трката, сертификатот за квалитет на трка и организација претставува голем мотив за иднината на настанот, за кредибилитетот наш, за професионализмот. Дополнително овој сертификат обезбедува сигурност за тркачите, за сите учесници, што сигурно ќе овозможи да бидеме уште повеќе прифатени од тркачката заедница, граѓаните и сите подржувачи, изјави Цветкоски.
Следното трето издание на „Охрид трчаТ“ ќе се одржи на 2 јуни, а пријавувањето со многу новитети и изненадувања ќе започне во најскоро време.
Ново на Сител
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир
-
Филков: Интерпелацијата за Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите
-
Традиционалниот собор во манастирот „Свети Пантелејмон“ го собра народот во молитва и заедништво
-
Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби
-
Полицијата во Тирана ја опколи зградата на Њуз 24 и го исклучи сигналот, реагираше Здружението на новинари
-
Неколку аеродроми во Русија воведоа привремени ограничувања за летови