Три децении од падот на Берлинскиот ѕид: поделби и неизвесност
Со падот на Берлинскиот ѕид, што е настан чија триесетгодишнина се одбележува на 9 ноември, се стави крај на поделбата меѓу комунистичкиот исток и демократскиот запад. Воедно, тоа беше и симбол на крајот на комунизмот во Источна Европа, кој, по Втората светска војна, го воведе тогашниот Советски Сојуз. Со тоа е отворен пат за подоцежното обединување на Германија, па некогашната Источна Германија е дел од Западна Европа.
Меѓутоа, околностите во последните години драстично се сменија. Повторно е сè подлабок јазот меѓу денешна Русија и државите кои припаѓаат на корпусот западни држави, поради несогласување во неколку полиња на меѓународната политика.
Немојте меѓу Русија и Западот да изградите ѕид како што беше Берлинскиот, порача Михаил Горбачов, последниот советски лидер, во авторскиот текст за Ројтерс пред триесетгодишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Горбачов, поранешен генерален секретар на Комунистичката партија и претседател на Советскиот Сојуз (СССР), одигра значајна улога во настаните кои придонесоа за ставања крај на Студената војна меѓу тогашната СССР и САД.
Берлин, кој во 1945 година кога заврши Втората светска војна и беше поразена нацистичка Германија, беше уништен град. Со Берлинскиот ѕид беше поделен во 1961 година, изграден за да се спречи пребегнување на источни Германци во западниот дел на државата.
Ново на Сител
-
Дожд и повремен снег во наредните денови
-
Планетарна линија на небото деновиве
-
Казнети 120 возачи вчера за брзо возење, 72 за возење без возачка дозвола
-
Обвинета медицинска сестра од Австралија, најдено видеово кое кажува дека нема да лекува Израелци и дека ќе ги „убие“
-
Мицкоски: Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата
-
Полицијата пронашла 31 дете во куќа во Брчко, уапсени три лица за трговија со луѓе
-
Мицкоски во Неготино
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски