Казнети 120 возачи вчера за брзо возење, 72 за возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност на МВР, во поглед на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени 773 платни налози.
Од МВР денеска соопштија дека најбројни се случаите на непрописно паркирање 225, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 120, а вчера е забележан и прилично висок број на прекршоци по основ на недавање на првенство на минување 51.
Изречени биле седум мерки за возење под дејство на алкохол, а прекршочни пријави заработиле 8 пешаци.
За неносење сигурносен појас изречени се 69 санкции, 42 мерки за користење мобилен телефон, а во 72 случаи откриени се возачи што управувале возила без возачки дозволи.
Согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени од сообраќај 21 нерегистрирано возило како и седум технички неисправни возила.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-
Затвореник почина во Идризово
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица