Трет филмски фестивал „Богородичен покров"
Во Кинотеката на Македонија од денеска до 18 октомври ќе се одржува третиот Меѓународен филмски фестивал за духовни, хумани и културни вредности „Богородичен покров". На фестивалот се прикажуваат филмови со духовни, хумани, морални, религиски и семејни вредности и филмови од културното и духовно наследство.
Ќе биде отворен вечер од 20 часот со документарниот филм „Очите на Фотографката“ во режија на Матеј Минач, добитник на околу 70 интернационални награди. Филмот е чешко-словачка копродукција и е дел од годинашната програма на одбележување 100 години од основањето на Чехословачка.
Гостин на годинашниот фестивал ќе биде режисерот Денис Бојиќ од Босна и Херцеговина со својот филм „Лицата на Лафоре“. Задутре напладне тој ќе има трибина во Кинотеката за новите методи во светот на лекување на оваа тешка болест.
Организатор на фестивалот е „Топ ворлд“ - независна ТВ-продукција од Скопје и е поддржан од амбасадите на Чешка, Словачка, Словенија, Романија и Босна и Херцеговина. Влезот за посетители е слободен.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?