Трет ден амандманска расправа за законот за јазиците
Во Комисијата за европски прашања до крајот на денот треба да заврши амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците, но најверојатно пратениците нема да гласаат за ниту еден од поднесените амандмани. Ова го потврди и претседателот на Комисијата Артан Груби кој изјави дека денеска е третиот ден од амандманската расправа и тој според Деловникот има обврска да ја затвори дебатата и да го проследи законот до Собранието без оглед дали ќе се разгледаат амандманите или дали ќе се гласа или не.
Продолжението на седницата помина во реплика на пратеникот Реџаил Ислаили од ДУИ, кој зборуваше безмалку еден час, образложувајќи го и читајќи го текстот на законот член по член. Потоа Груби ја прекина седницата и продолжението го закажа за 17:00 часот. На расправата, како што најавија, не присуствуваа пратениците од Беса и ВМРО-ДПМНЕ. Вчера министерот за правда одби еден од амандманите на Беса, по што прв дискутираше Весел Мемеди, а на неговиот говор се пријавија шест пратеници за реплика.
Груби во изјава за медиумите кажа дека тој не може да ги ограничи пратениците во должината на нивните говори и ги отфрли тврдењата дека ова е еден вид блокада за да се спречи расправа за амандамните поднесени од Беса, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ, како што рече, не поддржува промена на текстот на законот, кој е производ на политички компромис помеѓу коалициските партнери.
- Во Деловникот репликите не се ограничени. Јас не можам да ги ограничам пратениците во должината на нивните говори. Има пријавено уште четири, вториот репликант е на среде говор. Очекувам дека некаде до полноќ да се исцрпи дебата за првиот амандман и не знам дали ќе стигнеме да гласаме за тој амандман затоа што рокот ни истекува вечерва, рече Груби.
Деловнички по член 171 - в, појасни Груби, Комисијата има три дена за дебата за второ читање.
- Јас сум обврзан деловнички да ја затворам дебата вечерва по овој предлог закон и да го проследам на понатамошно читање без разгледување или со разгледување или без усвојување или со усвојување на кој било амандман ќе видиме до вечерва на полноќ, изјави пратеникот на ДУИ.
Според него, случувањата во Комисијата, е стриктно почитување на Деловникот на Собранието на РМ.
- Не глумиме демократија. Тоа што ние го правиме е целта на ДУИ тој закон да биде усвоен што е можно поскоро на пленарна седница непроменет, рече Груби одговарајќи на новинарско прашање.
Тој изрази, како што кажа, големо разочарување од денешната одлука на Беса да не присуствува на седницата на Комисијата и да даде свој придонес во носењето на законот за употреба на јазиците.
За 16:00 часот е закажана Законодавно-правната комисија на која на дневен ред е и законот за јазиците.
Ново на Сител
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени
-
Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица