Тренерот на Лион нападна судија, се соочува со суспензија од седум месеци
Тренерот на Лион, Пауло Фонсека, се соочува со можна суспензија до седум месеци по инцидентот за време на натпреварот од Лига 1 против Брест, во кој неговиот тим победи со 2-1.
Во судиското надополнување, Фонсека доби црвен картон поради неспортско однесување кон судијата Беноа Милу.
Откако судијата прегледа евентуален пенал за Брест, Фонсека реагираше бурно. Тој се втурна во лице на судијата, му се развика и поради тоа доби црвен картон.
Според правилата на Француската професионална лига (ЛФП), ваквото однесување може да резултира со долгорочна суспензија. Фонсека се извини за своето однесување по натпреварот, признавајќи дека претерал.
Фонсека го презеде Лион на 31-ви јануари, а во пет натпревари забележа три победи и Лион моментално е во позиција да се пласира во Европа, што беше нивната главна цел за оваа сезона.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор