Тренчевска за протестите: Во некои сектори платите се зголемени и за 80 отсто, а некаде и до 100 отсто
Во земја каде што владее демократијата и слободата можете да видете протести на улица. Она време кога во државата никој не смееше да протестира е заборавено и никогаш нема да се врати. Вака министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска одговори на прашањето за протестите што се одржуваат денеска Скопје во организација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).
Тренчевска посочи дека легитимно е да се протестира, но како што нагласи, легитимно е и да се информира јавноста дека е потпишан новиот Општ колективен договор, со кој е опфатен и Синдикатот на УПОЗ, како членка на синдикатите.
- Со новиот Општ колективен договор платите во септември на сите вработени во јавниот сектор ги зголемивме 10 отсто, има предвидено зголемување за во септември 2024 година и од март 2025 година да можеме да ја воспоставивме новата методологија, којашто ќе биде со коефициенти помнежени со просечна плата и тоа е договорот, којшто после 16-17 години го склучивме со Сојузот на синдикати, како репрезентативен синдикат. Се договориме дека тоа ќе биде методологијата за раст на платите, изјави Тренчевска, при посетата на Кавадарци.
Според неа, во изминатиот период во сите сектори на вработените им се зголемени платите најмалку по 10 проценти. Во споредба од пред неколку години во некои сектори платите се зголемени и за 80 отсто, а некаде, како што вели Тренчевска, и до 100 отсто.
Прашана како да се надмине проблемот со капацитетите на градинките и недостаток на негувателки и воспитувачки, Тренчевска одговори дека новите градинки се градат со средства од Владата во делот на капитални инвестиции, а врз основа на изготвен проект од општината. Нагласи дека општините што имаат вакви готови проекти влегуваат во Програмата за капитални инвестиции за тековната или наредната година.
- Онаму општините, каде што мислат и не си ги знаат своите надлежности дека треба да го изработат проектот и мислат дека некој друг ќе им го изработи и ќе им ја изгради градинката, таму за жал граѓаните не ја добиваат квалитетната услуга, рече Тренчевска.
Ги потсетува и градоначалниците дека и тие како локална власт можат преку Агенција да ангажираат вработени, таму каде што има недостаток од ваков стручен кадар.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата