Тренчевска: Развојот на човечкиот капитал може да се постигне преку кредибилни секторски политики
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го отвори тринаесеттиот пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование, вработување и социјална политика.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Тренчевска ја објасни целта на секторските политики и на законодавството. Истакна дека тие се насочени кон овозможување на еднакви можности, полесен пристап на пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност. Посочи дека нивната имплементација е насочена кон создавање на праведна и одржлива економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните со фокус на најранливите категории на граѓани.
- Од воведувањето во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во Гаранцијата за млади. Показателите за последователно следење покажуваат дека околу 40 отсто од младите кои добиле понуда биле во позитивна ситуација 18 месеци по напуштањето на системот за обезбедување услуги од Гаранцијата за млади, односно се вработени или се вклучени во некоја обука. Позитивните резултати од спроведувањето на Гаранцијата за млади се потстег за понатамошно зајакнато спроведување на активности за поголем опфат на младите лица и нивно вклучување во мерки за вработување согласно нивните потреби, рече Тренчевска.
Во насока на активација на невработените лица, Тренчевска истакна дека на пазарот на труд ќе се продолжи со имплементација на активни мерки и услуги за вработување, одобено опфаќајќи ги најниско квалификуваните лица, корисниците на социјална помош и корисниците на Гарантирана минимална помош.
- Зголемувањето на минималната и просечната плата и сите мерки и заложби што беа преземени имаат влијание врз подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стимулирање на економската активност, продуктивноста на трудот и конкуренцијата. Грижата за животниот стандард на постарите лица е клучна, а пензиите имаат исклучително влијание врз вкупната сиромаштија. Покачувањето на пензиите е согласно новата методологија за раст на пензиите и согласно економските текови, се преземаат мерки за финансиска поддршка на најранливата категорија на пензионери, рече Тренчевска во однос на креирањето на политики и мерки кои се однесуваат на највозрасната популација во државата.
Министерката Тренчевска повика на споделување на различните ставови и искуства со цел, како што рече, да се креираат политики кои ќе одговараат на сите во државата.
Ново на Сител
-
Таравари: Специјализантите ќе добијат пристап во Мој термин
-
Поставен камен темелникот за изградба на резервоар Пребег во Штип, инвестиција од 40 милиони денари
-
Дел од моштите на Свети Стефан изложени во католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?