Тренчевска: Оваа Влада ги зголеми платите на вработените во градинките за 36%
„Од 2017 година и направената анализа на состојбата во градинките, утврдена е очајна состојба . Се утврди недостаток на околу 2000 работни места, а најголем дел од тие што работеа во нив, беа вработени со Договор на определено време. Сите тие со доаѓањето на оваа Влада, добија решенија на неопределено време. Од 2018 -2022година, вкупно оваа Влада има дадено согласности за вработување на 2385 лица,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со вработени во градинките.
Таа посочи и дека Министерството за труд и социјална политика има доставено барања за согласности до Министерството за финансии што ќе претставува зголемување на бројот на вработувања, особено кај што има пензионирања, трајни откази и нови капацитети.
Министерката се осврна и на платите на вработените во градинките, кои во 2019 година оваа Влада ги зголеми за 21% , а со новата спогодба со СОНК дополнително платата на воспитувачките и негувателките ќе биде зголемена за 15% , што претставува зголемување за 36% зголемена плата во 2022 година. За разлика од времето кога ВМРО -ДПМНЕ беше на власт, кога платата на вработените во градинките беше зголемена за само 4%.
Таа рече дека сите вработувања во градинките се на товар на државата, на Министерството за труд и социјална политика, како и материјалните трошоци. Како и дека со ребаланс на Буџетот се предвидени и зголемувања на блок дотациите на материјалните трошоци, затоа што оваа Влада има слух и ја зема предвид состојбата на економска и енергетска криза со која сите се соочуваме.
Исто така, се зголемуваат блок дотациите и за нови вработувања се со цел опфат на што поголем број на деца во предучилишните установи.
„Од почетокот на 2017 година до денес имаме изградено 69 детски градинки, со опфат на 4300 деца. Во тек е изградбата на 28 градинки, од кои 13 ќе бидат отворени до крајот на оваа година и со тоа ќе се зголеми опфатот на нови 1360 деца. До крајот на 2023 година ќе бидат завршени уште 15 нови градинки, и зголемен опфат за нови 1905 деца. Ова е потврда колку се инвестира во детската заштита,“ рече Тренчевска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден