Трамп: Време е САД да се збогуваат од Клинтонови
Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека е време американските гласачи да се збогуваат од Хилари и Бил Клинтон.
- Време е да се затворат историските книги за Клинтонови и да се отвори чисто ново поглавје, кое ќе биде фокусирано на прекрасните граѓани на нашата земја, истакна Трамп во своето прво неделно обраќање на радио во име на Републиканската партија.
Тој ги повика граѓаните на САД да гласаат на изборите на 8 ноември, со цел мнозинството во Конгресот да го освојат републиканците и конечно да се измени „овој расипан систем“, а Америка да биде повторно голема.
- Ова не е само кампања, ова е движење. Тоа е единствена животна шанса нашата влада да ја преземеме од рацете на донаторите и приватните интереси, и вам да ви ја вратиме власта, на американскиот народ, порача републиканскиот претседателски кандидат.
Трамп се осврна и на главните теми на неговата кампања, како што е ветувањето дека ќе отвори 25 милиони нови работни места, ќе ги намали даноците за средната класа, ќе го укине планот за системот на здравствено осигурување на претседателот во заминување Барак Обама и ќе ја спречи илегалната миграција.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови