Трамп вети дека во следните неколку дена ќе даде изјава за Парискиот договор за климата
Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе даде изјава за Парискиот договор за климата, но не ги потврди различните медиумски информации што денеска се појавија, според кои тој решил САД да се повлечат од него, пренесоа светските агенции.
„Својата одлука за Парискиот договор за климата ќе ја соопштам во следните неколку дена. Да ја направиме Америка повторно голема“, напиша Трамп на Твитер.
Американскиот претседател климатските промени веќе ги нарече !„измама“, што има за цел да ја ослабе индустријата на неговата земја. На самитот на Г-7 во Сицилија тој одби да го поддржи договорот и изјави дека има потреба од повеќе време за да донесе одлука. Подоцна анонимен извор, цитиран од британските медиуми, ги потврди објавените различни медиумски информации дека Трамп планира САД да се повлечат од договорот.
Службеник на Белата куќа, исто така, изјави дека се очекува Трамп да се повлече од Парискиот договор за климата. Тој, меѓутоа, сакал да ја искористи формулата, која дозволува одлуката да се толкува како неконечна.
Само Сирија и Никарагва не учествуваат во Парискиот договор за климата.
Повлекувањето на САД, меѓутоа, би можело да има сериозни последици за договорот, што смета на учеството на земјите производители на најголемото количество штетни гасови, забележуваат британските медиуми.
Според Парискиот договор, САД до 2025 година требаше да ги намалат своите емисии на штетни гасови на 26 до 28 отсто во однос на нивото од 2005 година.
Ново на Сител
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп
-
Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица
-
Приведен возач во Штип, возел со 2,10 промили алкохол во крвта
-
Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
-
Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод
-
Илиоски ја одбрани титулата светски првак
-
Најмалку три лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Киев
-
Свежо време со повремен дожд и северен ветер