Трамп тврди дека неговата кампања не е против единството на републиканците
Претседателскиот кандидат на американската Републиканска партија Доналд Трамп изјави дека неговата изборна кампања не го разбива единството на партијата и дека републиканците остануваат обединети околу неговата номинација.
- Кампањата сосема добро напредува и републиканците не биле никогаш олку обединети, како што се сега, рече Трамп на предизборен митинг во Флорида, отфрлајќи ги критиките за „бројните гафови и грешки“.
Изјавата на претседателскиот кандидат доаѓа по неговото одбивање да ги поддржи повторните кандидатури на Спикерот на Конгресот Пол Рајан и на сенаторот Џон Мекејн, за ноемвриските избори, двајца високи републикански политичари, затоа што обајцата претходно го критикуваа Трамп.
Тој се најде на силен удар на американаката јавност, критикуван не само од демократите, туку и од неговите републиканци, откако јавно се расправаше со родителите на американскиот капетан - муслиман, кој загинал во Ирак, затоа што на конвенцијата на Демократската партија тие го осудиле барањето на Трамп да им се забрани влез на муслиманите во САД.
Шефот на изборната кампања на Трамп, Пол Манфорт ги отфрла обвинувањата за „серијата погрешни чекори„ во јавните настапи и ги обвини медиумите и новинарите дека се под силно влијание на Хилари Клинтон.
Поранешниот Спикер на Когресот, Њут Гингрич, кој го подржува Трамп, во изјава за телевизија Фокс, сепак, се согласува дека „некои работи што ги има преземено Трамп се прилично самоуништувачки„.
Со јавна одбрана за републиканскиот кандидат на изборите се огласи актерот и режисер Клинт Иствуд (86) кој тврди дека се погрешни обвинувањата оти Трамп е расист.
Голем број угледни републиканци, меѓутоа, соопштија дека на изборите нема да гласаат за Трамп, а тројца влијателни негови сопартијци, меѓу кои и конгресменот од Њујорк Ричард Хана, објавија дека ќе гласаат за Клинтон.
Америкнските медиуми направија листа од гафови и погрешни изјави и потези на Трамп.
Изјавата дека Хилари Клинтон е „ѓавол„ се означува како крајно непримерна за изборната кампања во САД, додека неговото исмевање на една мајка, која со своето мало дете била на еден негов митинг, порачувајќи и да си замине, како крајно недолична и нехумана.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња