Трамп стапна на севернокорејско тло и го повика Ким Џонг-ун во Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров, се ракуваше со него, а потоа ја премина линијата која ги дели двете Кореи. Со тоа Трамп стана првиот американски претседател кој стапнал на тлото на Северна Кореја.
– Да се премине таа линија е голема чест, голем напредок е постигнат, големо пријателство е склопено…, изјави Трамп. Tој пеш ја мина границата меѓу Северна и Јужна Кореја во селото Панмуџон, каде во 1953 година е потпишано примирје.
– Ова е голем ден за светот, изјави Трамп на границата меѓу двете Кореи. – Тоа значи дека сакаме да го запреме несреќното минато и да се обидеме да создадеме нова иднина. Ким изрази надеж дека ќе бидат „совладани пречките“ во односите со Трамп. Американските меидуми известуваат дека севернокорејскиот лидер изгледал опуштено и задоволно додека разговарал со Трамп.
– Ова е израз на неговата волја да работи на нова иднина, истакна Ким. Американскиот претседател го повика својот севернокорејски колега да го посети во Белата куќа, а Ким потенцираше дека би било голема чест Трамп да го посети во престолнината Пјонгјанг.
Ова е трета средба на двајцата претседатели, после нивниот историски Самит во јуни минатата година и неуспешните преговори во Виетнам во февруари. Администрацијата на Трамп бара Пјонгјанг трајно да се откаже од својата нуклеарна програма пред да разгледа укинување на меѓународните санкции.
Официјален Пјонгјанг одбива таков редослед на настаните. Инаку, Трамп вчера пристигна во Сеул, на средба со јужнокорејскиот претседател по Самитот Г20 во Осака, од каде преку Твитер објави неочекувана покана за средба со Ким во демилитаризираната зона.
Ново на Сител
-
Трамп: Гренланд во иднина може да биде дел од САД
-
Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина
-
„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот
-
Почна маршот за настраданите во Кочани
-
Забрана за вршење на било какви операции со дронови на територијата на град Скопје
-
Дисциплинска постапка за полициското лице чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син, кривична пријава за синот
-
Здравствен работник обвинет за убиство на девет пациенти во Германија