Трамп првпат ја призна победата на Бајден – “Победи, но изборите беа наместени”
Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно денеска првпат, јавно призна дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победи на претседателските избори одржани на 3 ноември, но ги повтори своите тврдења дека „изборите се наместени“.
– Победи, но изборите беа наместени, напиша Трамп на Твитер.
Тој во одделен твит наведе дека сите механички „застои“, кои се случиле во текот на изборната ноќ се направени бидејќи „тие се фатени како крадат гласови“, не прецизирајќи на кого се однесува тоа.
Трамп повторно ги изнесе тврдењата дека на набљудувачите не им било дозволено да присуствуваат на пребројувањето на гласовите, како и дека гласањето во вид на табела го прикажала „радикално левичарската приватна компанија“ Доминион.
Според него, таа компанија има лоша репутација и лоша опрема, која не е квалификувана ниту за Тексас, каде тврди дека тој убедливо победил.
Трамп за својот неуспех ги обвини „лажните и тивки медиуми“ и други.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Екс амбасадорот во Бугарија - Марјан Ѓорчев
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години