Трамп повторно го реконструира својот изборен штаб
Републиканскиот кандидат Доналд Трамп вторпат во оваа претседателска кампања ги смени членовите на својот изборен штаб и ангажираше стручњаци кои, на три месеци до изборот за американски претседател, треба да му помогнат да ја истрча завршницата, не заостанувајќи зад демократскиот противкандидат Хилари Клинтон.
Стефан Банон, директор на конзервативниот портал Бреитбарт њуз, ќе биде претседател на изборниот штаб на Трамп, а за извршна директорка е именувана советничката на републиканците и стручњак за анкети Келани Конвеј.
Трамп ги пофали Банон и Конвеј како изванредно способни стручњаци „кои сакаат да победуваат и знаат како да победат“.
-Подготвен сум да сторам се што е потребно за да победам и да станам претседател, бидејќи нашата земја не може да со дозволи уште четири години лоша политика на Обама-Клинтон, која ја загрози нашата финансиска и физичка безбедност, рече Трамп.
Политичките аналитичари, меѓутоа, истакнуваат дека советниците досега не успеаја да ги смират запалливите коментари на Трамп.
Ангажирањето стручњаци, како Банон, кого го нарекуваат борец и „најопасен политички оперативец во САД“, е одраз на желбата на Трамп, повторно, по секоја цена, да биде во центарот на медиумското внимание како што беше во текот на предизборието што беше одбележено со бурни собири и запалливи говори, велат аналитичарите.
Агенциите пишуваат дека реконструкцијата на изборниот штаб покажува дека популистичкиот милијардер нема стратегија со која може да го прошири своето избирачко тело.
Демократска кандидатка Хилари Клинтон, од собир во Кливленд, реагираше со оценката дека без разлика на промената на екипата „Трамп останува истиот човек“.
Во анкетите Клинтон води со 47 наспроти 41 отсто подрршка во односот на Трамп.
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот