Трамп: Пазарните потреси поради царините беа неопходни
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека падот на финансиските пазари поради воведените царини бил очекуван и дека оваа мерка е неопходна за зајакнување на економијата на САД, која ја нарече „болен пациент“.
Тој истакна дека е подготвен за преговори ако другите земји понудат „нешто феноменално“.
Говорејќи пред новинарите на „Ер Форс Уан“, Трамп откри дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека тој можеби ќе ја посети САД следната недела.
Претседателот на САД, исто така, изјави дека Илон Маск веројатно ќе ја напушти неговата администрација „во наредните месеци“.
Илон е фантастичен, но има многу компании што треба да ги води. Сакам да остане што е можно подолго, но ќе дојде момент кога ќе мора да замине – изјави Трамп.
Маск моментално раководи со владината служба за ефикасност, која има клучна улога во преструктурирањето на федералната администрација. Трамп нагласи дека оваа работа ќе продолжи и по неговото заминување, во рамки на различни агенции.
Ново на Сител
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали
-
Сончево и топло до 28 степени
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство