Трамп: Можно е Русија и Путин да одолговлекуваат со мировниот договор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин да „одолговлекуваат“ со мировниот договор со Украина.
- Мислам дека Русија сака да стави крај на тоа, но тие може и да завлекуваат, рече Трамп синоќа во интервју за „Њузмакс“, додавајќи дека за време на неговата бизнис кариера тој самиот „го правел тоа со години“.
Тој наведе дека мисли дека Русија сепак би сакала да заврши конфликтот во Украина, а и украинскиот претседател Володимир Зеленски би сакал војната да заврши во овој момент.
Трамп за време на интервјуто особено го истакна фактот дека во просек на двете страни секоја недела гинат вкупно 2.500 војници и дека без разлика што „не се работи за Американци“ сака конфликтот да заврши што е можно поскоро.
Ново на Сител
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја