Трамп ќе почне истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе започне трговска истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД.
Трамп, исто така, го повтори својот став дека исклучувањето на паметните телефони и компјутерите од реципрочните царини против Кина ќе биде краткотрајно.
Американската Агенција за царина и гранична заштита во петокот објави ново упатство со кое е јасно дека паметните телефони и компјутерите ќе бидат исклучени од опсегот на реципрочните тарифи.
-Оваа електроника „едноставно се преместува во друга „кошничка“ за тарифи“, напиша Трамп денеска на социјалните мрежи. „Во претстојните тарифни истраги за националната безбедност, ќе ги разгледаме полупроводниците и целиот синџир на снабдување на електроника“, додаде тој.
Претходно, американскиот министер за трговија Хауард Лутник рече дека во следните два месеци ќе бидат воведени посебни нови царини за важни технолошки производи од Кина, вклучувајќи ги и полупроводниците.
Исклучувањата објавени во петокот се сметаат за голем удар за технолошките компании како „Епл“ (Apple) и „Дел Технолоџис“ (Dell Technologies), кои се потпираат на увоз од Кина.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност