Свет
4. January 2018 - 8:43

Трамп ја укина комисијата за истрага на измами на изборите во 2016

Американскиот претседател Доналд Трамп ја распушти својата анкетна комисија која имаше задача да го провери измамите, кои, спред него, постоеле на претседателските избори во САД во 2016 година.

Иницијативата на Трамп за создавање на комисијата, предводена од потпретседателот Мајк Пенс, предизвика остри реакции од голем број американски сојузни држави, кои одбија да ги обезбедат информациите што се бараа од нив.

И покрај тоа, Трамп е убеден дека, спротивно на мислењето на мнозинството експерти, од три до пет милиони луѓе незаконски гласале за неговата соперничка Хилари Клинтон на претседателските избори во ноември 2016 година.

Трамп победи на изборите со повеќе електорални гласови, што се пресметуваат од секоја држава според нејзината големина, но Клинтон освои околу три милиони повеќе гласови на национално ниво.

- И покрај постоечките докази за изборни измами, голем број држави одбиваат на претседателска Комисија за чесност да и достават елементарни информации, истакна Трамп во соопштение.

- Наместо да започнам бескрајна судска битка на сметка на даночните обврзници, денеска потпишав декрет за распуштање на комисијата и побарав од Министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните мерки, додаде Трамп.

Многу сојузни држави одбија да ги обезбедат бараните информации, како што се броевите на социјалното осигурување или статистичките податоци за гласање, бидејќи сметаат дека таа информација може да се искористи за одземање на правото на глас на некои луѓе.

Еден федерален судија во ноември во Вашингтон посочи дека оваа истражна комисија е консултативно тело и нема законско овластување да ги принуди државите да обезбедат информации.