Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран мора да се откаже од секакво тежнеење по нуклеарно оружје или да се соочи со можен американски воен напад врз неговите нуклеарни постројки.
Трамп на новинарите во Белата куќа им рече дека мисли дека Иран намерно го одложува нуклеарниот договор, а неговата изјава доаѓа откако американскиот специјален пратеник Стив Виткоф се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во саботата во Оман.
И САД и Иран по разговорите во Оман соопштија дека разговорите биле „позитивни“ и „конструктивни“.
– Иран мора да се ослободи од концептот на нуклеарно оружје. Тие не можат да имаат нуклеарно оружје, рече Трамп.
Во однос на војната во Украина, Трамп изјави дека во војната во Украина „милиони луѓе се мртви поради три лица“ – рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, за кого рече дека „немал поим“ што прави и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
По средбата со лидерот на Ел Салвадор, Наџиб Букеле, Трамп на новинарите во Овалната соба им рече дека сè што сака е да „запрат убиствата“ во Украина, јави Скај њуз.
– Бајден тоа можеше да го запре, Зеленски можеше да го запре, а Путин никогаш не требаше да го почне. И сè што можам да направам е да се обидам да го запрам тоа, тоа е сè што сакам. Сакам да го запрам убивањето. И мислам дека добро работиме во тој поглед. Мислам дека многу брзо ќе имате многу добри предлози, рече Трамп.
Тој го обвини Зеленски дека не е „компетентен“.
Ново на Сител
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробувал да го убие
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Одбележана 10 годишнината од настаните во Диво Насеље
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар