-->
-->
Трамп: И САД би можеле да воведат доживотен претседател
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу добро што кинескиот претседател Си Џинпинг ќе може доживотно да ја извршува функцијата.
Тој се пошегува дека и САД треба да преземат реформи и да овозможат такво сценарио.
Трамп на синоќешната донаторска вечера на републиканците во Флорида истакна дека Џинпинг „сега е доживотен преседател“.
- Успеа (Си) тоа да го направи. Доживотен претседател. Сјаен е... Мислам дека тоа е сјајно, наведе Трамп, додавајќи оти и САД „деновиве би можеле да се обидат такво нешто“.
Тој за време на вечерата ја критикуваше Хилари Клинтон, истакнувајќи оти ирачката инвазија е „најлоша одлука кога било донесена“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск
-
Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка