Трамп ги повика републиканците до август да го усвојат новиот закон за здравствена заштита
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги повика републиканските сенатори да ги надминат своите разлики и да го усвојат законот за здравствена заштита пред, во август, да го напуштат Вашингтон за летните одмори.
- Толку сме блиску, им порача Трамп на републиканските сенатори кои го собра на ручек, еден ден откако обидот на оваа партија да го измени законот, што беше усвоен за време мандатот на поранешниот претседател Барак Обама, пропадна во американскиот Сенат.
Трамп додаде дека републиканците им ветиле на Американците дека ќе го укинат и заменат законот за здравствена заштита, што за администрацијата на Обама седум години беше најважниот закон, и дека сега е време за акција, пренесоа британските медиуми.
„Гласот на Америка“ претходно најави дека Трамп за пропаѓањето на најновите напори за усвојување на реформата на американскиот систем за здравствена заштита ги обвинува демократите и „неколкумина“ републиканци.
Републиканските сенаторки Шели Мор Капито, Сузан Колинс и Лиса Мурковски го најавија своето спротивставување на овој закон, додека сенаторот Роб Портман и други изразија сомнеж во новиот предлог закон.
Во понеделникот доцна вечерта уште двајца републикански сенатори одбија да го поддржат законот за здравствена заштита, што минатата недела го претстави лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел.
Сенаторите одделно објавија соопштенија, наведувајќи дека оваа мерка не оди доволно далеку во отповикување на постојниот закон, што се смета за големо достигнување на поранешниот претседател, Барак Обама, како и дека не прави доволно да ги намали се поголемите трошоци за здравствено осигурување.
Во разговор со новинарите во Белата куќа, претседателот Трамп го изрази разочарувањето од неуспехот на овој законски предлог.
- Ова е одличен план за многу луѓе, но немавме поддршка од демократите, а четворица републиканци од вкупно 52. кажаа ’не’. Како што ги гледам работите, во 2018 година ќе мораме да избереме некои нови лица. Мораме да обезбедиме да се изберат уште републиканци, рече Трамп.
Ново на Сител
-
Синер и Алкараз во финалето во Рим
-
Пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши во неговиот двор, приведен 69-годишник
-
Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин
-
Шесте милијарди евра од Договорот за стратешко партнерство ќе бидат достапни под најдобрите услови на пазарот, најави Мицкоски
-
Кривична против три лица кои на 10 мај опожариле викенд куќа во велешко
-
Приведен 49-годишен кумановец, возел со 3,46 промили алкохол во крвта
-
Миновски: Нови работни места, зголемени инвестиции и долгорочен економски бенефит со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
-
Песков: Средба меѓу Путин и Зеленски е можна само доколку делегациите претходно постигнат договор